Претседателката на албанскиот Парламент, Линдита Никола, му го честиташе изборот на Африм Гаши за претседател на македонското Собрание.

-Честитки до новиот претседател на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши. Со верба дека парламентарната соработка помеѓу собранијата на двете земји ќе се унапредува и проширува, стои во честитката на Никола.

Изборот му го честиташе и Илир Мета, поранешен прв парламентарец, експретседател на Албанија и актуелен лидер на Партијата на слободата. - Верувам дека со своето парламентарно искуство ќе демонстрира сеопфатно и кооперативно лидерство, без разлика на етничките и политичките разлики, и ќе ги гарантира правата на опозицијата во Собранието и нејзиното целосно учество во институционалниот и демократскиот живот. Албанците, како државотворен фактор, јасно ориентирани од ЕУ и НАТО, имаат клучна улога за меѓуетничката хармонија, стабилност и европската иднина на Северна Македонија, напиша Мета на Фејсбук. До Гаши честитки за изборот упатија и лидери на неколку политички партии



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2024 21:05