Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 1 и 2 јуни 2024 година (сабота и недела) рано наутро ќе се врши авионска дезинсекција против комарци. Ова е со цел да се намали бројот на возрасните комарци во градот.

''Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Се известуваат пчеларите навреме да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите'', порачаа од Град Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 00:37