Во Прага денеска почнува средбата на министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО, кои се соочуваат со зголемените повици водечките сојузници да ги укинат ограничувањата што го спречуваат Киев да користи западно оружје за напади врз руска територија.

Дводневната средба треба да се фокусира на напорите да се постигне пакет за поддршка за Украина на Самитот на НАТО во Вашингтон во јули.

Украина ги притиска своите поддржувачи, главно САД, да и дозволат да го употреби оружје против цели во Русија. САД и Германија досега одбиваа да му дозволат на Киев да нападне преку границата, бидејќи би можело да ги вовлече во директен конфликт со Москва.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг пред средбата истакна дека земјите-членки да ги преиспитаат ограничувањата бидејќи тие ја попречуваат способноста на Киев да се брани.

Претседателот на Франција, Емануел Макрон пред два дена истакна дека на Украина треба да и се дозволи да ги „неутрализира“ базите во Русија што се користат за напади.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 16:10