Амбасадорот на Европската унија во Србија, Емануеле Жофре, изјави дека Европската унија јасно се движи кон проширување и ја сака Србија „во своето семејство“, но дека тоа е процес кој има правила кои мора да се почитуваат, пренесе Бета.

„Постои нова свест за важноста на целосното воведување на Западен Балкан во семејството на ЕУ. И постои одлука и политичка волја тоа да се забрза“, изјави Жофре за НИН.

Тој посочи дека Србија постигнала напредок во евроинтеграциите, но дека има уште работа, вклучително и нормализација на односите со Приштина.

Западен Балкан минува низ специфичен момент, рече тој и додаде дека треба да се интегрира на европскиот пазар за да се намали руското и кинеското влијание.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2024 16:29