Повеќе од една третина од возрасните во Србија пушат повремено или секојдневно, додека една петтина од учениците на возраст од 11, 13 и 15 години пробале електронски цигари, според Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“ во пресрет на Светскиот ден без тутун.
Тие предупредуваат дека 43 отсто од вработените на работното место се изложени на чад од цигари.
-Во Србија најмалку 15.000 луѓе годишно умираат од употреба на тутун, наведува „Батут“ .
„Батут“ појаснува дека податоците од „Истражувањето за здравственото однесување на децата на училишна возраст во Србија во 2022 година“ укажуваат дека 19,7 отсто пробале електронски цигари, додека, употребата на електронски цигари и снус се зголемува со возраста