Советот на ЕУ денеска даде зелено светло за потпишување на договор меѓу Европската унија и Србија за оперативни активности што ги спроведува Европската агенција за гранична и крајбрежна стража (Фронтекс), што ќе им овозможи на ЕУ и Србија да организираат заеднички операции во кој учествуваат Фронтекс и српски граничари.

Како што е наведено во соопштението на Советот на ЕУ, ова исто така значи дека тимовите за управување со границите на Фронтекс можат да бидат распоредени во Србија и ќе и овозможат на Фронтекс да и помогне на Србија да управува со миграциските текови, да ја спречи илегалната имиграција и да се бори против прекуграничниот криминал.

Новиот договор ќе го замени сегашниот договор за статусот меѓу ЕУ и Србија, кој се заснова на старата регулатива на Фронтекс и дозволува само заеднички операции на границата на Србија со ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2024 01:23