Грција ги осудува неодамнешните напади врз цивили, вклучително и деца, во Рафа, напишаа од грчкото МНР на платформата Икс и повикаа на „темелна истрага која ќе ги расветли точните околности на овој напад“, но и на итен прекин на огнот, јави дописничката на МИА од Атина.
-Грција го повторува својот повик за итен прекин на огнот, почитување на хуманитарното и меѓународното право од сите страни, итен влез на хуманитарна помош во Газа и ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас, напишаа од Министерството за надворешни работи на Грција.