Српскиот премиер и лидер на Српската напредна странка (СНС) изјави дека без разлика какви ќе бидат изборните резултати од локалните избори во 89 општини и градови, тој ќе ги признае без одолговлекување или оспорување на истите, јави дописникот на МИА од Белград.

- Изборите се фестивал на демократијата, волјата на граѓаните ќе биде единствена закономерност и секако дека јас сум умерен оптимист дека листа на СНС што ја поддржувам-„Александар Вучиќ за Нови Сад“ ќе победи во Нови Сад и во сите останати локални самоуправи каде се одржува денес гласањето. Каков и да биде исходот на гласањето, ќе ги признаеме изборите без одолговлекување или оспорување, изјави премиерот Милош Вучевиќ и претседател на СНС по гласањето во Нови Сад.

Лидерот на Социјалистичката партија на Србија (СПС) и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, кој настапува а изборите во Белград и повеќето градови и локални самоуправи во коалиција со СНС и со една изборна листа изјави дека оваа коалиција ќе однесе победа на сите изборни места.

- Очекувам убедлива победа, не само во Белград, туку и во сите општини и градови во Србија каде се распишани избори. Секако дека не мислиме дека изборната борба е лесна, но сигурни смее дека квалитетот на кандидатите и квалитетот на политиката што ја застапуваме е неспоредлива во однос на другите изборни листи, изјави Дачиќ по гласањето во Белград.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2024 04:43