Изборната листа „Александар Вучиќ – Белград утре“ освои 53 отсто од гласовите, односно 64 од 110 мандати во градското собрание на Белград на локалните избори одржани денес, соопштија агенциите Ипсос и Цесид.

Изборната листа „Александар Вучиќ – Нови Сад“ освои 52,8 отсто од гласовите, односно 46 од 78 мандати во Собранието на градот Нови Сад.

Вучевиќ изјави дека листата „Александар Вучиќ – Србија утре“ победи во сите општини и градови на денешните локални избори во земјата, освен во Бачка Топола, Сента, Кањижа и Тутин.

Тој наведе дека најмала била излезноста во Тутин – 33 отсто, а најголема во Печинци – над 70 отсто. Просечната излезност на денешните избори е меѓу 43 и 44 отсто во најголем број на општините и градови на кои се гласаше денеска.

„Сигурна победа во сите општини, освен во тие четири, бидејќи структурата на населението таму е дефинирана поинаку. Во сите останати, од север до југ и од исток до запад, нашата листа има чиста и убедлива победа. Честитки до граѓаните за учеството на изборите, а најостро ги осудувам сите оние кои вршеа насилство и ги спречуваа граѓаните да гласаат. Очекувам одговорност за оние кои физички напаѓаа свои политички неистомисленици и оние кои упаѓаа во кол-центри кои постојат ширум светот. Тепаа новинари, напаѓаа избирачки одбори. Се надевам дека ќе одговараат пред лицето на правдата“, изјави Вучевиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2024 05:39