Во присуство на голем број верници во новоизградениот црковен храм Св. Константин и Елена во Општина Илинден, деенска се одржа литургија на која чиноначалствуваа архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и епископот Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители, по повод големиот христијански празник Свети Константин и Елена.

Црковниот храм го посети и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски кој присуствуваше на светата литургија. Градоначалникот им го честиташе денешниот ден на сите православни верници, а на оние кои го носат името на овој ден им го честита именденот, соопшти Општина Илинден.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2024 01:01