Поради технички зафати во електро - дистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат делови од општините Аеродром, Гази Баба, Ѓорче Петров и Кисела Вода.

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека во периодот од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Гаврил Константиновиќ“ во населбата Лисиче во општина Аеродром.

Од 09 до 10 часот, без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Финска“ во населба Ченто, општина Гази Баба, од 09 до 13:30 часот корисниците од дел од ул. „Никола Вукмировиќво“ во населбата Ѓорче Петров, а од 09 до 14 часот корисниците од дел од ул. „Киро Фетак“во населба Драчево, општина Кисела Вода.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2024 04:25