Во текот на вчерашниот ден во Грција бил регистриран нов максимален температурен рекорд за првите десет дена од јуни, со измерени 39,3 степени Целзиусови во градовите Тива и Елефсина, според податоците од метеоролошките станици на порталот Метео и Националната опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 502 активни метеоролошките станици во целата земја, 181 од нив, односни 36 отсто, регистрирале температури над 35 степени, 61 станица измерила температури над 37 степени, а осум станици од мрежата вчера напладне регистрирале температури над 38, 6 степени.

Последен пат, температури над 39 степени во првата половина на јуни беа измерени во 2019 година.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2024 12:22