Српската разузнавачка Безбедносно-информативната агенција демантира дека уапсените две лица во Косово за наводна шпионажа за Србија имаат каква било врска со таа агенција.
Косовската полиција уапси две лица во Урошевац кои се осомничени за шпионажа и соработка со Безбедносно-информативната агенција на Србија.
„Безбедносно-информативната агенција одлучно ги демантира сите обиди за ширење лажни вести од страна на привремените албански институции на Косово и Метохија, дека двете лица кои денеска беа уапсени во Урошевац под обвинение за сторено кривично дело шпионажа се во каква било врска на соработка со Агенцијата“, соопшти БИА.