Движењето „Крени-промени“ одлучи да го напушти градското собрание на Белград и собранието на општина Нови Белград, изјави Саво Манојловиќ, носител на изборната листа за Белград.

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Манојловиќ на прес-конференција изјави дека „поради изборни малверзации, одбиваме да учествуваме на овој начин во целосно кршење на уставот и демократијата“.

Манојловиќ објасни дека технички мандатите ќе бидат верификувани, а потоа ќе се напушти Собранието, а одборничките хонорари од буџетот нема да бидат прифатени.

-Со оставката и трансферот, процесот би траел долго, а тие мандати би завршиле кај претставниците на власта, рече Манојловиќ, додавајќи дека оваа одлука не е конечна и ќе зависи од одговорот на приговорите поднесени до ГИК на Белград.

-Граѓаните очекуваат од нас, а тоа е наша одговорност кон граѓаните, да не се согласуваме со нешто што е целосно прекршување. Некој дојде и ги смени гласачките ливчиња. Доколку не се смени оваа одлука, ние ќе продолжиме да се бориме, поднесовме приговори, рече Манојловиќ, прецизирајќи дека нема да го напушти собранието на Град Белград и Нови Белград „доколку некои работи се променат“.

-Имаме многу специфични правни барања, а тоа е да не можете да вршите прекројувањето што во моментов се врши и изборно инженерство, прецизира тој.

Одговарајќи на новинарско прашање тој кажа дека „нема да го напушти локалниот парламент во Ниш оти тоа би бил луд потег затоа што ќе ја оневозможи борбата на граѓаните на Ниш“.

-Тоа би било саботажа како бојкот. Ја поддржуваме промената на власта во Ниш и се бориме за тоа, посочи тој.

За својата одлука движењето Крени-промени ги информираше опозициските листи кои учествуваа на овие локални избори.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2024 00:56