Во Албанија отворени се 34 летни здравствени амбуланти за да ги опслужуваат домашните и странските туристи во крајбрежните и планинските туристички области.

Министерката за здравство и социјална заштита, Албана Кочи, на социјалните мрежи објави дека во амбулантите се ангажирани околу 300 лекари и медицински сестри.

- Летните здравствени амбуланти ќе гарантираат квалитетна здравствена заштита за летувалците и туристите кои оваа летна сезона ќе ја посетат Албанија. На северот од земјата има 10 здравствени амбуланти, во централниот дел 9 и во јужнот дел уште 15. Одделението за итна помош стави на располагање 20 фиксни станици за брза помош на летувалците во туристичките места, вели Кочи.

Медицинскиот персонал, како и изминатите години, гарантира 24/7 здравствена заштита и ќе функционираат до крајот на сезоната.

Минатата година, земјата забележа рекордна посетеност од над 10 милиони туристи, што е 2,5 милиони туристи повеќе споредено со претходната година. Најбројни се косовските и македонските туристи.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2024 01:19