Квалитетот на живот е важен показател што вообичаено се зема предвид при рангирањето на најдобрите градови во светот. Сè - од гастрономски понуди до стапката на криминал може да влијае на квалитетот на животот на граѓаните. Новиот „Глобален индекс за градовите“ на „Оксфорд економикс“ (Oxford Economics) содржи нова топ-10 листа врз основа на шест показатели: Очекуван животен век, приход по лице, еднаквост на приходи, рекреација и културна понуда, интернет-брзина и трошоци за домување.

Според овие критериуми, Гренобл, Франција е град со најдобар квалитет на живот во светот. „Главниот град на Алпите“ е позната омилена планинарска дестинација, но е и центар за научни истражувања, пишува „Тајм аут“ (Time out).

На второто место е Канбера - главниот град на Австралија, што воедно е и единствениот неевропски град во првите десет. Инаку, три града од Швајцарија се меѓу 10-те градови со најдобар квалитет на живот. Топ-10 списокот изгледа вака:

- Гренобл, Франција;

- Канбера, Австралија;

- Берн, Швајцарија;

- Берген, Норвешка;

- Базел, Швајцарија;

- Луксембург, Луксембург;

- Рејкјавик, Исланд;

- Цирих, Швајцарија;

- Гент, Белгија;

- Нант, Франција.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2024 01:27