Планот за прекин на огнот во Газа претставен од американскиот претседател Џо Бајден не е во спротивност со воените цели на Израел, според израелски владин претставник, јави ДПА.
-Израел нема да ја заврши војната пред да ги постигне сите свои воени цели: уништување на воените и управувачките капацитети на Хамас, ослободување на сите заложници и обезбедување Газа да не претставува закана за Израел во иднина, рече денеска израелскиот претставник.
Тој додаде дека „претставениот предлог му овозможува на Израел да ги постигне овие цели и Израел навистина ќе го стори тоа“.
Советот за безбедност на ОН вчера го одобри предлогот на Бајден, кој предвидува прекин на огнот во три фази.