Азиска слоница чувана во средишен Тајланд, роди близнаци - машко и женско младенче. А пак, вработените тоа го опишуваат како чудо, бидејќи важи за прилично редок случај, пренесуваат тамошните медиуми.

Чамчури - 36-годишната слоница, се чини, и самата се изненадила, бидејќи по второто раѓање, вработените во фармата морале да спречуваат мајката да не го згази женското младенче, откако слоницата ја фатило паника и повредила една негувателка. Близнаците се случуваат само кај еден отсто од окотувањата кај овие слонови, според истражувачката организација „Спасете ги слоновите“, а машко-женските близнаци се уште поредок случај.

Со тежина од 55 килограми, женското слонче е малку помало од вообичаеното и мора да стои на помошен стол додека се храни од својата мајка. Нејзиниот брат со 60 килограми е потежок.

- Отсекогаш сме сакале да видиме слончиња-близнаци, но не секој може да го види ова, бидејќи не се случува често, изјави ветеринарката Лардтонгтаре Мипан, која пораснала на оваа фарма за слонови и самата е мајка на близнаци.

Слонот е национално животно на Тајланд и се смета за свето животно, според будистичкото верувања. Тајланѓаните уште во древноста имале свештено-блиска поврзаност со слоновите, поради нивната употреба како воени животни на бојното поле, за пренос на земјоделски производи, исечени трупци од шумата и друг товар.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/06/2024 03:27