Косовскиот министер за заедници и враќање, Ненад Рашиќ, изрази подготвеност да се вклучи во изготвувањето на статутот на Заедницата на општини со српско мнозинство (ЗСО).
Рашиќ посочи дека ЗСО треба да потсети дека меѓународните договори имаат поголема сила од локалните закони и дека обврските мора да се почитуваат, објавија денска косовски медиуми.
Тој додаде дека нема да има прекршување на уставот и законите на Косово во однос на формирањето на ЗСО.
Рашиќ рече дека во нацртот што го претставила Европската унија има некои работи кои му се нејасни.