Граѓаните на Албанија со важечки патни исправи може да патуваат во Азербејџан без визи.
Амбасадорот на Азербејџан во Тирана, Анар Хусејнов во објава на социјалната мрежа Х информира дека „без виза во Азербејџан може да патуваат и граѓаните на Албанија со регуларни пасоши“.
Договорот за укинување на визите за албанските државјани беше потпишан на 1 март годинава за време на посетата на албанскиот премиер Еди Рама на Баку, кој ја предводеше високата владина делегација.
Укинувањето на визите создава нови можности за туризам, економски развој и соработка меѓу двете земји, кои бележат важен скок во конкретното зајакнување на соработката, особено во текот на минатата година, што го означи и отворањето на амбасадата на Азербејџан во Тирана и најавеното отворање на албанската амбасада во Баку оваа есен.
Албанската владина делегација имаше низа значајни состаноци кои отвораат нови можности за туризам и економија, развој и соработка меѓу двете земји. Тука посебно договорот за реализација на пилот проектот за гасификација на Корча, како и за можноста компании од двете земји да учествуваат во проекти за обновливи извори на енергија