Албанскиот претседател Бајрам Бегај заминува во дводневна официјална посета на Германија, на покана на неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер.
Нивната средба е закажана за в среда по што следува средба на делегациите на двете земји.
Во фокусот на средбите меѓу двајцата претседатели ќе бидат билатералните односи меѓу Албанија и Германија, евроинтеграцискиот процес на Албанија, настаните на Балканот, Берлинскиот процес кој промовира приближување на Западен Балкан кон ЕУ, како и други значајни меѓународни прашања кои се однесуваат на одбраната и безбедноста, јави АТА.
Се очекува Бегај да се сретне и со специјалниот пратеник на Германија за Западен Балкан, Мануел Сарацин, и со поранешниот известувач за Албанија во Европскиот парламент, Кнут Флекенштајн.
Планирана е средба и со претставници на албанската дијаспора во со која ќе разговара околу економската, социјалната и политичката интеграција на Албанците во Германија.