Високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел доставил извештај за мерките за Косово до земјите-членки, потврди портпаролот на ЕУ, Петер Стано.

Првата дискусија за извештајот, кој се однесува на тоа дали се исполнети условите за укинување на мерките на Косово наметнати од ЕУ, треба да се одржи утре на ниво на амбасадори на земјите-членки на ЕУ.

Не се познати деталите од извештајот.

ЕУ воведе мерки кон Косово во јуни 2023 година, по насилството што избувна на северот на Косово на крајот на мај, кога избраните градоначалници од албанска националност влегоа во општинските згради и ја презедоа функцијата. Изборите во 2023 година беа бојкотирани од Српската листа и локалното српско население.

Ситуацијата ескалира на 29 мај во Звечан, по судирите меѓу демонстранти и припадниците на КФОР.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/06/2024 17:56