Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак денеска соопшти дека за време на посетата на Косово разговарал со претставници на меѓународната заедница за ситуацијата на теренот.

„Ги ценам брифинзите на меѓународната заедница во Косово за ситуацијата на теренот и нивната проценка за следните месеци“, објави Лајчак на социјалната мрежа Х.

Лајчак не разговарал со премиерот Албин Курти.

Лајчак попладнево во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2024 20:58