Најстарото вино на светот е пронајдено во староримска гробница во јужна Шпанија. Виното, сѐ уште вo течна состојба, всушност наликува на „шери“, а гробот каде што е пронајдено, бил недопрен околу 2000 години.

Виното добило црвено-кафена боја поради хемиските реакции што се случиле во текот на двете илјадалетија откако е истурено во погребниот древен стаклен сад од пет литри. Анализата на стручњаците од Универзитетот на Кордоба потврди дека течноста - е вино. Пред ова откритие, објавено во американскиот „Журнал“ за археологија (Journal of Archaeological Science), за најстаро вино зачувано во течна состојба, било сметано шише ископано во римска гробница кај германскиот град Шпајер во 1867 година, а коешто датира од 325 година.

Шпанскиот сад е пронајден во 2019 година при реновирање семејната куќа, на чиј имот е пронајдено виното.

- Мора да му оддадеме заслуги на сопственикот на куќата кој веднаш се јавил во градскиот оддел за археологија. А пак, археолозите бргу сфатија дека гробницата е неверојатно необична бидејќи е недопрена и не е ограбена, изјави Хозе Рафаел Руиз Аребола, органски хемичар од Универзитетот.

Говорејќи за виното, недостатокот на ширингинска киселина, што се јавува кога главната боја во црвените вина се распаѓа, јасно укажува дека, првично оваа црвеникава течност била бело вино - што се совпаѓа со тамошните римски мозаици на коишто прикажаните луѓе гмечат бело грозје. Инаку, досега се мислеше дека течноста е резултат на поплави или кондензација, пред Аребола и неговиот тим да ја проучат поподробно, пренесува „Дејли мејл“.

- Баравме биомаркери, хемиски соединенија што недвосмислено укажуваат што е одредена супстанција. Во овој случај, баравме полифеноли исклучиво од вино - и најдовме седум вински полифеноли. Ги споредивме со оние на виното од овој дел на Андалузија и - се поклопуваат. Токму тоа потврди дека се работи за вино. Следното што требаше да се направи беше да се утврди дали станува збор за бело или црвено вино, појасни Аребола.

Гробницата има шест урни направени од варовник, песочник или стакло и олово. Во нив е сместени кремираните останки на, се чини - две лице, со имиња: Хиспане и Сенисио. Археолозите ги пронајдоа и металните ногарки на масата на којашто се кремирани телата. Пронајден е и златен прстен украсен со ликот на богот Јанус



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2024 06:29