Министерот за надворешни работи на Србија, Марко Ѓуриќ денеска изјави дека Србија во наредните месеци ќе спроведе интензивна дипломатска кампања во европските метрополи за да придобие што повеќе луѓе на своја страна, бидејќи новиот Европски парламент е конституиран.

Во изјава за РТС тој најави дека утре во Виена ќе има средба со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

„Утре во Австрија ќе имаме средба со голем број министри за надворешни работи и ќе учествувам на форум во еден мал град на кој ќе учествуваат неколку министри од регионот. Ќе имам средба и со господинот Борел, а веќе в понеделник ќе зборувам на состанокот на Советот на министри на Европската унија, министрите за надворешни работи (во Луксембург) и за нас како Србија, која не е членка, тоа е феноменална можност да седнеме на таа маса и подеднакво ги изразуваме нашите грижи, проблеми, но и нашата визија за иднината на регионот“, рече Ѓуриќ



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2024 16:06