Комесаријатот за бегалци и миграција денеска соопшти дека над милион мигранти од Азија и Африка минале на територијата на Србија во последните години и дека 475 мигранти, главно од Сирија, Авганистан, Пакистан и Мароко.

Во соопштението се додава дека од избувнувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, низ Србија поминале 374.162 жители на Украина.

По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, комесарката за бегалци и миграции во Србија, Наташа Станисављевиќ оцени дека институцијата со која раководи се труди да му обезбеди сигурност на секој човек што доаѓа во Србија и да се однесува достоинствено и хумано.

Таа изјави дека вкупно 53.407 семејства на бегалци и внатрешно раселени лица добиле некаква поддршка од српската држава и дека најголемиот број од овие луѓе избегале од поранешните републики на Социјалистичка Федеративна Република Југославија и од Косово.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2024 16:15