Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани од состанокот на министрите за надворешни работи на Западен Балкан и „Пријателите на Западен Балкан” во процесот на проширување на ЕУ, изјавил дека „Европската унија мора да задржи реална и посветена временска рамка за процесот на членство".
- Ние проширувањето на ЕУ го имаме во срцето и тоа многу ќе не израдува. Вистинскиот момент е работите да станат реални со амбициозна агенда и време е на најконкретен начин да се докаже определбата на сите да се оди напред, посочил тој, јави АТА.
Министерот Хасани истакнал дека Албанија ја покажала својата решителност да го забрза интегративниот процес, покажувајќи континуиран напредок во преземањето на реформите.
-Ние во Албанија сме подготвени да отвориме што е можно повеќе поглавја во текот на оваа година. Нема време за губење и многу се надеваме дека по еден месец ќе имаме можност да ја организираме втората меѓувладина конференција, рекол албанскиот прв дипломат Хасани.
Изразил уверување дека Групата „Пријатели на Западен Балкан“ ќе продолжи со силната поддршка и соработка со земјите од регионот, за да помогне во исполнувањето на сите критериуми и финализирање на интеграцијата во ЕУ.
На состанокот што се одржа во Виена и Вахау, шефовите на дупломатии учествуваа на покана на министерот за надворешни работи на Австрија, Александер Шаленберг.