Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека „Србија мора постојано да има енергија“ и дека работниците од Електростопанство на Србија (ЕПС) и Електро мрежата на Србија (ЕМС) не треба да си одат дома, туку сите да бидат ангажирани со обезбедување енергија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ ги повика луѓето од сите сектори на системот за енергетска безбедност - ЕПС, ЕМС и други, нивните работници да не си одат дома, туку сите да бидат ангажирани со обезбедување енергија, бидејќи, како што рече, Србија мора постојано да има енергија. Вучиќ ги повика луѓето од енергетскиот сектор да дојдат на состанок попладне заедно со министерката Дубравка Ѓедовиќ Хандановиќ.

Од Електро мрежата на Србија изјавија дека состојбата со далноводите во Србија е стабилна.

Без струја денеска останаа Црна Гора, Босна и Херцеговина, делови од Албанија, Хрватска и Грција. Најпрво дојде до пад на електроенергетската мрежа во Црна Гора, а министерот за енергетика на таа земја Саша Мујовиќ изјави дека проблемот настанал поради големото оптоварување, бидејќи потрошувачката нагло се зголемила поради високата температура



Автор: Администратор
Објавено на: 22/06/2024 04:26