Претседателката на српскиот Парламент, Ана Брнабиќ, денеска во Белград изјави дека би било „ненормално“ доколку Србија се откаже од ископувањето на литиум и дека земјата има строги и високи стандарди за заштита на животната средина.
По посетата на театарот „Бошко Буха“, кој се реконструира, Брнабиќ за новинарите изјави дека ископувањето литиум е добро за Србија и дека тоа ќе го надгледуваат не само домашните институции, туку и институциите на Европската унија, невладините организации и граѓанското општество.
„Ако сите во Лозница се против проектот Рио Тинто, зошто луѓето продавале земја? Ниту еден милиметар земја не е добиена со експропријација, сите ја продадоа земјата“, рече Брнабиќ.
Таа додаде дека не знае дали ќе има референдум за прашањето за ископување литиум во Србија и наведе дека не е до неа да ја донесе таа одлука