Албанскиот претседател Бајрам Бегај денеска ја започнува дводневната посета на Косово.
Според официјалното соопштение, тој ќе посети три општини Дечани, Јуник и Дренаси каде ќе има средби со локалните власти.
За време на оваа посета, претседателот Бегај, ќе им оддаде почит и на поранешните борци на Ослободителната војска на Косово, кои загинаа за време на војната во 1999 година.
Бегај има реализирано повеќе посети на Косово, кое му беше и прва дестинација надвор од земјата по изборот во јули 2022 година.