Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар најави дека в четврток ќе го посети Киев за да потпише билатерален безбедносен договор со Украина.

Според неа, таков договор е потпишан со Украина и од други земји кои се подготвени да му помогнат на Киев, јави СТА.

„Станува збор за преземање обврска... дека ќе продолжиме да и помагаме на Украина се додека тоа е неопходно... Украина ја брани целата структура на меѓународното право“, изјави Пирц Мусар.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/06/2024 19:16