На претседателот на Албанија, Бајрам Бегај денеска свечено му е доделено признанието „Почесен граѓанин“ на градот Дечани во западно Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Обраќајќи се на присутните на церемонијата, Бегај и се заблагодари на општината за одликувањето, додавајќи дека местото на Косово и Албанија заедно е во Европа
- Впечатоците и емоциите на овој ден се извонредни. Голема благодарност за гостопримството. Дојдов во Проклетие, место благосл.овено од Бога, во оваа област каде што најдов храбри и патриотски луѓе, луѓе од беса и збор. Судбината не испрати на различни патишта, но нејзината дестинација е иста, сите заедно ќе бидеме во Европа, со слободно и независно Косово. За ова Дечани ги испука првите пушки на ОВК, на оваа 25-годишнина од ослободувањето со почит и гордост се сеќаваме на сите паднати за слобода. Од денеска ми е голема чест што сум почесен граѓанин на оваа општина, рече тој.
Во одлуката на Собранието на општина Дечани се вели дека Бегај е „една од личностите со најголем човечки и политички кредибилитет не само во Албанија, туку и во сите албански предели“. Албанскиот претседател, според нив, ја заслужува титулата, затоа што е „една од најобединувачките фигури на Албанците и ѝ прави чест на албанската држава насекаде низ светот“.
На свеченоста на прогласувањето на Бегај за почесен граѓанин на Дечани присуствуваше и лидерот на Алијансата за иднината на Косово, поранешниот премиер Рамуш Харадинај, како и неколку пратеници од таа сега опозициска партија.
За време на престојот во Дечани, Бегај го посети и родното село на Харадинај, Глоѓан и се сретна со членови на неговото семејство