Албанската влада одлучи да обезбеди бескаматни станбени кредити за вработени во повеќе министерства, со цел да им го олесни решавањето на станбеното прашање.

Прв информацијата на социјалните мрежи ја објави министерот за одбрана Нико Пелеши наведувајќи дека од неговото министерство „станбени кредити со камата од 0% ќе имаат 90 припадници на армијата“.

„Ова е важна одлука која има за цел да ги поддржи нашите војници, нудејќи им можност да ги подобрат условите за живот преку лесен заем“, напиша тој.

Таа иницијатива, според министерот, е знак на грижата и посветеност да се обезбеди благосостојба на оние кои посветено и пожртвувано и служат на државата.

„Важен чекор што ја одразува решеноста на владата да ги поддржи армиските семејства и да обезбеди подобар квалитет на живот за нив. Квотите за кредитите ќе бидат годишни со средства од државниот буџет, додека пријавувањето ќе започне наскоро на платформата e-Albania.al.“ додава Пелеши.

Според оваа одлука на владата оваа поволност ќе може да ја искористат и 90 полициски службеници, 45 здравствени работници, по 30 вработени во министерство за образование и спорт и министерството за земјоделство и рурален развој, како и 15 во министерството за економија, култура и новации.

За првпат владата бескаматни стамбени кредити додели минатата година, кога беа опфатени вкупно 300 лица односно по 100 здравствени работници, припадници на полицијата и армијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2024 04:26