Шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ Радман денеска во Луксембург изјави дека Западен Балкан треба да се фокусира на решавање на отворените прашања и негување добрососедски односи во согласност со надворешната и безбедносната политика на ЕУ.

„Внатрешната и регионалната политичка стабилност остануваат клучна и затоа нашите партнери од Западен Балкан треба да се фокусираат на европските реформи, особено на владеењето на правото и основните права, решавањето на отворените прашања и негувањето на добрососедските односи, во согласност со политиката на ЕУ“, изјави Радман во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ.

Тој нагласи дека Западен Балкан, сепак, треба да ги залечи старите рани наместо да отвора нови.

„Само со решавање на работите на начин што ќе донесе политичка стабилност и безбедност дома и во странство, трансформацијата може да се случи на одржлив и неповратен начин. Мислам дека тоа е најдобрата инвестиција и гаранција за долгорочна стабилност на регионот“, додаде тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2024 04:29