Многумина имаат навика да користат иста лозинка за секоја корисничка сметка на интернет - без оглед дали се работи за е-пошта или за социјалните мрежи, луѓето ја користат истата комбинација за сѐ. Тоа е така најчесто затоа што на тој начин шифрата најлесно се помни.

Сепак, користењето иста лозинка на повеќе места е „рецепт за катастрофа“, според стручњакот за кибербезбедност, Јевгениј Касперски. Неговиот тим неодамна спроведе истражување коешто покажа дека околу 45 отсто од лозинките можат да бидат хакирани за помалку од 60 секунди, па во таа смисла, на пример не е мудро ниту да се користат имиња во лозинките. Се наведува хакерите направиле повеќе од 32 милиони обиди да научат лични лозинки во 2023 година, а тој број во иднина само ќе расте.

- Луѓето несвесно создаваат „човечки“ лозинки што содржат зборови од речникот на нивниот мајчин јазик - имиња, бројки итн., односно комбинации коишто лесно ќе ги запомнат. Но, дури и навидум силните комбинации ретко се сосем случајни, па алгоритмите можат да ги погодат, објасни Касперски.

Така, додавањето по некој број, неколку големи букви и други симболи, ќе ја направи шифрата посилна. Се препорачува и помош од програма управувач со лозинки (Пассwорд манагер).

- Не користете лозинки што лесно може да се погодат од вашите лични податоци, како што се родендени, имиња на членови на семејството, домашни миленици или вашето име. Ова се често првите претпоставки што хакерот ќе се обиде да ги направи... Натаму, изберете двофакторна автентикација (2ФА). Иако не е директно поврзана со јачината на лозинката, 2ФА додава дополнителен слој на безбедност. Дури и ако некој ја открие вашата лозинка, сепак ќе му треба додатна автентикација за да пристапи до вашата сметка, додаде тој.

Управувачот со лозинки е битна препорака што може да биде од помош, а има многу бесплатни апликации достапни за „Андроид“ и „ИОС“.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/06/2024 06:11