На српско-романската граница, има место за бегство од градскиот „брз живот“... А пак, можеби овие топли денови се идеален миг за разладување во некое од езерата или освежување покрај реката Нера кај општината Бела Црква - на два часа возење источно од Белград.
Поради седумте Белоцрквенски Езера, Бела Црква е наречена и „Град на Езерата“. Тие се создадени како резултат на ископување чакал на почетокот на 20. век, а денес претставуваат една од главните атракции на општината. Белоцрквенските езера се одликуваат со стабилни брегови и ниски флуктуации на нивото на водата. Нивните морфометриски и термички својства, нудат различни видови туризам: рекреативен, екскурзии, спортски, риболовен туризам, набљудување птици.
Особено популарни се Градското Езеро, Врачевгајското, Шаранското и Шљункара. А, другите езера, коишто не се урбанизирани, се рај за нуркачите и страсните рибари, кои се и најчестите посетители на овие езера.