Непалскиот духовен лидер, Рам Бахадур Бомјан, за кого следбениците веруваат дека е реинкарнација на Буда, осуден е за сексуално злоупотреба на деца.

Окружниот суд во градот Сарлахи следниот месец ќе изрече пресуда за 33-годишниот Бомјан.

Непалските власти во 2020 година издадоа налог за апсење на Детето Буда поради злоупотребување на малолетна девојка, која била монахиња во неговиот ашрам на подрачјето на Бара. Тој е уапсен по една година бегство.

Во 2010 година против Детето Буда се поднесени десетици пријави за напад бидејќи наводно ги тепал жртвите кои го попречувале во медитацијата. Во 2018 година една калуѓерка го обвини дека ја силувал во ашрамот кога била малолетна. Во 2019 година, полицијата изврши рација во неговиот ашрам додека го истражуваше исчезнувањето на четворица негови следбеници. Истрагата за овие случаи сè уште е во тек.

Детето Буда на 15-годишна возраст во 2005 година се повлече во џунглата за десет месеци да се посвети на молитвата. Неговите следбеници тврдеа дека тој во тој период ниту јадел, ниту пиел вода, а исто така и не спиел. Илјадници луѓе од целата земја и соседна Индија го посетуваа Бомјан во џунглата. Тој две години подоцна почна да проповеда и своите следбеници основаше мрежа на ашрами ширум Непал посветена на неговите учења.

Неговите следбеници тврдат дека Бомјан е реинкарнација на Сидарта Гаутама, кој е роден во Непал пред околу 2500 години, а подоцна станал познат како Буда, што на санскрит значи просветлен или разбуден



Автор: Администратор
Објавено на: 26/06/2024 06:14