Списанието „Вог“ објави топ-листа најдобри плажи во Европа, оценети како „некои од најспектакуларните плажи на планетата“, како што вели воведот.

Најубавите 10 плажи се: „Торе Сант'Андреа“ во Италија; „Праја Дона Ана“, Португалија; „Рејнисфјара“, Исланд; Плажата „Капуташ“ во Турција; „Поинте де л'Аигиљ“, Франција; „Платја де са Боадела“, Шпанија; Националниот парк „Тиј“ во Данска; „Циградо“, Грција; Плажата „Лускентајр“ vo Шкотска и „Плажата во заливот Гајн Туфиха“ на Малта.

Како што пренесува хрватски „Индекс“, меѓу топ-50 листата најубави плажи се наоѓа уште една блиску до нас: Хрватската „Пасјача“ којашто пред пред извесно време е прогласена за најдобра европска плажа на порталот „Јуропиан бест дестинејшнс“.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2024 05:47