Полициски службеници во координација со ОЈО Скопје вчера во населба Ченто го привеле А.О. (23) поради сторено кривично дело „уцена“ по член 259 од КЗ.

МВР соопшти дека 20-годишна девојка вчера во СВР Скопје пријавила дека А.О. побарал од неа 300 евра за да не објави фотографии и видеа со компромитирачки материјал.

На 14.06.2024 таа веќе му дала 150 евра, но уценувањето не престанало и таа го пријавила случајот во СВР Скопје. Од страна на полициски службеници и биле дадени од крим технички обработени пари и откако А.О. ги земал, бил лишен од слобода.

Од него е одземен и телефонски апарат со кој го извршил кривичното дело и поднесена е кривична пријава по брза постапка



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2024 05:51