Полицијата утрово го лишила од слобода 49-годишниот И.А. од село Морани, кој бил баран со потерница за издржување затворска казна.

-Денеска околу 4:00 часот полициски службеници од Оперативен тим потраги во содејство со Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје во село Морани, општина Студеничани го лишија од слобода И.А. (49) од село Морани, кој бил баран со потерница по наредба на Основен кривичен суд - Скопје за затворска казна во траење од една година и шест месеци, соопшти МВР.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2024 17:31