Албанскиот Институт за статистика објави дека утре ќе ги соопшти податоците од пописот на населението, поточно бројот на резистентно население.
Оваа значајна статистичка операција беше спроведена од 18 септември до 30 октомври минатата година, првиот рок за објавување на податокот за бројот на населението беше 19 јуни, додека останатите во септември.
Доцнењето на објавувањето на податоците за опозиција е намерно со цел манипулација со истите.
-Треба да алармираме дека овие податоци не се обработуваат навреме, не се објавија навреме. Во Косово за помалку од еден месец од завршувањето на пописот објавен беше бројот на населението. Овде по 10 месеци. Ова се прави со цел манипулација, да се прикаже поголема бројка од реалната, за да не се потврди вистината дека оваа влада со своите политики ја испразни земјата во која сега не живеат повеќе од 1,4 милиони жители, обвинија од опозицијата. Сметаат дека сепак вистината ќе излезе на виделина, за што ИНСТАТ ќе сноси одговорност.
За владејачките социјалисти тоа се рокови кои важат во секоја демократска држава и оти се е во рамки на меѓународните рокови.
Пописниот формулар содржеше 100 прашања а само за три, етничка и верска припадност и јазик, одговорот не беше задолжителен.
Ова е 12-ти по ред попис, од кога Албанија е прогласена за независна држава, во 1912 година и се случува 100 години по првиот попис, спроведен во 1923 година. Последниот попис во земјата беше во 2011 година. Планираниот, за 2021 беше одложен поради пандемијата со Ковид-19 а следната година бидејќи „не биле обезбедени неопходните алатки за собирање информации на терен“.