За државен секретар во Министерството за внатрешни работи е именуван Сашо Петрушевски. Тој е доскорешен директор на Јавно претпријатие во Општина Куманово.

Тој е добитник на Ноемвриска награда на Град Куманово, како и добитник на награда за најдобро работење на ЈП „Куманово Паркинг” - Куманово од Агенција „Company Wall“ Macedonia за најдобар бонитет А.

Поседува повеќе сертификати и обуки за менаџирање со човечки ресурси и комуникациски техники.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2024 15:47