За шеф на Канцеларијата на Претседателот на Владата е назначен Владимир Нелоски, а негов заменик Саше Павлоски. Владимир Нелоски има завршено на Економскиот факултет, воедно е магистер на Правниот факултет „Јустинијан први” од областа на корпоративното право.

Тој е советник во Град Скопје. Бил претходно вработен во Агенцијата за електронски комуникации и има богато искуство во менаџирање со процеси и човечки ресурси.

Саше Павлоски завршил на Економскиот Факултет при УКИМ. Тој има повеќегодишно работно искуство во Владата на Република Северна Македонија и искуство од менаџерско работење и делување. Бил и член на Надзорен одбор на МЕПСО и претседател на Управниот одбор на Национален парк „Маврово”.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2024 15:50