Српскиот министер за труд, вработување, ветерани и социјала Немања Старовиќ денеска ќе ја посети Северна Македонија по повод одбележувањето на Брегалничкaта битка од Втората балканска војна (1913), јави дописникот на МИА од Белград.

Министерот Старовиќ ќе ја предводи државната церемонија на полагање венци и одавања на највисоки државни и воени почести по повод 111-годишнината од Брегалничката битка на ридот Каленица во Штип, се наведува во соопштението на ресорното Министерство.

Старовиќ пред почетокот на одбележувањето на државната церемонија ќе положи венец во Спомен - костурницата посветена на Св. Стефан Дечански во Долно Караслари кај Велес.

Истиот ден, Старовиќ ќе ја предводи државната церемонија на положување венци во Спомен-криптата костурница посветена на српските војници загинати во Втората балканска војна во селото Цер.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2024 20:31