Премиерот на Србија, Милош Вучевиќ, најостро го осуди „грозоморниот терористички напад“ денеска во Белград, пред израелската амбасада, нагласувајќи дека државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам и им порача на граѓаните дека можат да се чувствуваат безбедно, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ова беше чин на лудило, кое не може да се припише на ниту една религија и ниту еден народ. Тоа е кривично дело извршено од поединец со име и презиме. Затоа, ги повикувам граѓаните да останат смирени и да не подлегнуваат на пропаганд на тие што би сакале да не поделат меѓусебно, соопшти срспкиот премиер во врска со ранувањето на припадникот на Жандармеријата пред израелската амбасада.

Тој порача дека „државата Србија ќе знае решително да одговори на заканата од тероризам“.

Припадник на Жандармеријата М.Ј (34) кој работи на обезбедување на израеласката амбасада во Белград, денеска беше нападнат и ранет од самострел од непознато лице, при што во самоодбрана употреби огнено оружје и го совлада напаѓачот, кој им подлегна на повредите.

Според министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ, се работи за терористички акт, зад кои постои сомнеж дека стои вахабистичко движење и дека превентивно се уапсени уште неколку лица во близина на полициските објекти.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/06/2024 20:51