Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ вчера се сретна со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан и, како што објави на платформата Икс, се заложи за хрватскиот поморец Марко Бекавац кој се наоѓа во турски затвор, велејќи дека Хрватска очекува турските надлежни органи „да постапат праведно во неговиот случај".

Пленковиќ во објавата наведе дека го информирал турскиот министер, кој учествува на конференцијата Дубровник форум, за статусот на хрватскиот капетан Марко Бекавац кој се наоѓа во истражен затвор во Турција.

Хрватскиот поморец Марко Бекавац се наоѓа во турски истражен затвор од октомври минатата година кога полицијата на брод на турската компанија кој пловел под панамска знаме пронашла 137 килограми кокаин. Како капетан на тој брод, турските власти го сметаат Бекавац за одговорен по командна одговорност за шверц на дрога. Бекавац ги отфрла обвиненијата и тврди дека сам побарал да се зголеми надзорот на товарењето на бродот во Колумбија.

Првото рочиште во постапката против 61-годишниот поморец од Сплит и десет други поморци се одржа на 10 јуни, а второто е закажано за средината на јули



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2024 16:23