Полскиот премиер Доналд Туск по победата на крајната десница во првиот круг од парламентарните избори во Франција денеска предупреди дека десничарските популисти ќе ги здружат силите во Европскиот парламент.

„Голема опасност надвиснала над Франција и Европа“, рече Туск во врска со вчерашните резултати од првиот круг од парламентарните избори во Франција.

Зборовите на Туск, според светските агенции, се поврзани со контекстот на подемот на екстремно десничарските сили во Европа и зајакнувањето на влијанието на Русија во европските земји.

„Ова навистина почнува да изгледа како голема опасност. Не само резултатите од првиот круг на француските избори, туку и информациите за влијанието на Русија и руските служби во многу екстремно десничарски партии во Европа“, изјави Туск за новинарите.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2024 18:46