Британските весници „Фајненшл тајмс“ и „Економист“ објавија дека ја поддржуваат Лабуристичката партија на парламентарните избори што ќе се одржат на 4 јули.
Поддршка за лабуристите даде и весникот „Сандеј тајмс“.
Во уводникот објавен денеска во „Фајненшл тајмс“ наведува дека нема политички определби и дека верува во „либералната демократија, слободната трговија, приватните претпријатија и отвореноста на Велика Британија кон надворешниот свет“.
Ова често нè зближува со конзервативците, но оваа генерација ториевци ја уништи репутацијата на конзервативците како деловна партија. Лабуристичката партија на Кеир Стармер е подобро поставена да биде владејачката сила што и е потребна на земјата, истакнува „Фајненшл тајмс“.
Весникот посочува дека новата влада ќе мора да се справи со ефектите од финансиската криза, пандемијата и инфлацијата предизвикани од војната во Украина. Но, истовремено го критикува Брегзит и погрешните политики на краткотрајната влада на Лиз Трус.
И „Економист“ исто така ги повикува гласачите да гласаат за Лабуристичката партија предводена од Кир Стармер.
Економскиот консензус во Велика Британија се оддалечи од вредностите на слободната трговија, индивидуалниот избор и границите на владината интервенција, пишува неделникот.
Според „Економист“ Лабуристичката партија има „најдобри шанси да се справи со најголемиот проблем со кој се соочува Велика Британија: хроничен и осакатувачки недостаток на економски раст“.
Според „Сандеј тајмс“, конзервативците го „изгубиле правото да владеат“.
„На ред е лабуристите“, објави „Сандеј тајмс“