Врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово вчера во 18 часот во Тетово го привеле дваесет и осумгодишниот В.С. од тетовското село Стримница.

-Тој бил баран со централна потерница за издржување казна затвор во времетраење од две години за сторено кривично дело „нелегално производство и пуштање во промет наркотични средства, психотропни супстанции и прекурзори“, казниво по член 215 ст.1 од Кривичниот законик, информира денеска Министерството за внатрешни работи.

В.С. е предаден во казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2024 11:37