Полициски службеници од СВР Тетово синоќа во 23.50 часот во тетовски Порој го привеле А.К.(38) од истото село, кој бил затекнат при обид да изврши кривично дело тешка кражба.

МВР денеска соопшти дека тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок



Автор: Администратор
Објавено на: 04/07/2024 11:47